ВИДЕО | Бобан Цаневски е еден од тројцата победници на „Никогаш не е доцна“

Фото: Принтскрин/ ТВ Прва

По десет месеци одлични вокали, напорна работа на кандидатите и неверојатна упорност, синоќа беа прогласени победниците од српското музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Дванаесет маестрални кандидати се бореа за ласкавата титула победник кој публиката го избра преку СМС-гласање, онлајн преку Фејсбук и гласовите на жирито кое го дадоа својот суд преку вклучување во живо составено од 19 еминентни личности од светот на музиката.


Меѓу финалистите беше и скопјанецот Бобан Цаневски, кој во финалето влезе со изведба на песна на починатиот Аки Ракимовски.

По прогласувањето на победникот преку гласањето на Фејсбук, следуваше и прогласување на победникот преку СМС-гласови.

Ласкавата титула победник ја понесе Бобан Цаневски, кој освои дури 1.892 ваши гласови. Цаневски бил во шок, но среќен кога публиката го испратила со громогласен аплауз.

Најдобар преку Фејсбук гласови еДубравко Биондиќ – Дуба, а победник од жирито е Амер Ченгиќ.

ВИДЕО | Струмичанката Драгана Костова воодушеви во „Ѕвездите на Гранд“

ВИДЕО | Скопјанецот Бобан Цаневски влезе во финалето на познатото музичко натпреварување „Никад није касно“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот