Фото: Screenshot

ВИДЕО | Бизарно: Фудбалер ги соблече гаќите за противникот да не постигне гол од слободен удар

Најбизарниот потег во викендот ни пристигнува од Колумбија во натпреварот помеѓу Санта Фе и Јагуарес.

Во центарот на вниманието се најде фудбалерот Геисон Переа од редовите на Санта Фе. Тој направи потег со кој ја шокираше фудбалската јавност. Јагуарес имаше слободен удар во зоната на удар, а тогаш следуваше зачудувачки потег од играчот на Санта Фе.

Од некоја причина Переа одлучи да ги соблече гаќите и така да го деконцентрира противникот. Сите кои ја забележаа оваа ситуација останаа шокирани. Во Колумбија ВАР не се користи, а судиите на овој натпревар не го забележаа овој потег на Переа па затоа помина неказнето.

Колумбиските медиуми овој потег го коментираат како еден од најбизарните некогаш видени. Треба да се знае и дека моментот кога се случи овој момент е само четвртата минута од средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот