ВИДЕО | Бестрашниот стружанец Ердал Љушо сам го минува Атлантикот со едрилица, сними ексклузивно видео за „Слободен печат“
Ердал Љушо од Струга тргна во еден од најхрабрите морепловни подвизи на денешницата – Setka Atlantic Challenge, екстремна соло едриличарска трка во која учесниците го преминуваат Атлантскиот Океан во едрилици долги едвај пет метри, што самите ги градат.
Препорачано
Оваа година од 18 пријавени, само осуммина се квалификуваа за старт, меѓу нив и Ердал, што само ја покажува суровоста на предизвикот. Трката започна во Сагреш, Португалија, продолжува преку Тенерифе, а потоа учесниците запловуваат кон Карибите, со крајна цел меѓу Мартиник и СветаЛуција.
Просторот на едрилицата е минимален, секој грам товар е пресметан, а исхраната и течностите се строго планирани за неделите на отворен океан. Статистиката вели дека едвај една четвртина од натпреварувачите успеваат да ја завршат целата рута, што го прави подвигот уште похеројски.
Лушо веќе ја помина стартната линија и заплови кон Тенерифе, стружанецот започна авантура што бара инженерска умешност, голема храброст и непоколеблива волја!
View this post on Instagram
👁️ Следете го Ердал преку Garmin Livetrack
🫴 Поддржете го со донација преку Whydonate


