Карим Бензема/Al Hilal Saudi Club

ВИДЕО | Бензема игра како во најдобрите денови – четврти пат сезонава постигна хет-трик

Францускиот напаѓач Карим Бензема продолжува да блеска во дресот на Ал Хилал, откако на последниот натпревар против Ал-Колод беше еден од најзаслужните за убедливата победа од 6-0, постигнувајќи хет-трик.

Бензема трите погодоци ги постигна во првото полувреме во 8., 31. и 45. минута. Покрај трите гола, во завршницата запиша и асистенција, а имаше можност да го збогати учинокот, но не реализираше удар од белата точка.

Ова е негов четврти хет-трик сезонава, а втор откако го носи дресот на Ал Хилал. Да потсетиме, сезоната ја започна во Ал Итихад, но по несогласувања со управата и тренерот го напушти клубот.

Во шампионатот досега зад своето име има 16 голови и се наоѓа на четвртото место на листата на стрелци, иако пропушти дури девет натпревари поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот