ВИДЕО | Беким Халити чека вести за сопругата и нејзината сестра: Не знаеме кој е жив, кој не, ништо не ни јавија

Беким Халити чека информации за судбината на сопругата и нејзината сестра/ Фото: Скриншот/МИА

Хамије Халити стои на списокот на патници во пеколниот автобус кој рано утрово се запали и целосно изгоре на автопатот „Струма“ во соседна Бугарија, при што загинаа 46 патници. Дванаесет од нив се деца. Седум повредени се сместени во болницата Пирогов во Софија.

Сопругот на Хамије, Беким Халити, заедно со својот братучед, чека пред агенцијата „Беса транс“ во Старата скопска чаршија со надеж дека ќе добие некаква информација за судбината на сопругата и нејзината сестра.

– Не се јавуваат на телефон, им вртевме. Со сопругата вчера се слушнав околу 16 часот и само кажа кога ќе пристигнат. Го видовме списокот со имиња ама таму не се кажува кој е жив, кој не е. Повеќето се деца, останати се 6 жени кои се околу мое годиште, па ќе видиме. Не се јавуваат ниту од агенцијата, Беким Халити кој заедно со својот братучед чека пред агенцијата „Беса транс“ во Старата скопска чаршија.

ФОТО+ВИДЕО | НА ЕДНО МЕСТО: Сите информации за тешката сообраќајна несреќа во Бугарија

Тие велат дека немаат досега добиено никакви информации за случајот и за тоа кој точно настрадал од патниците кои кобното утро се враќаа од екскурзија во Истанбул преку Бугарија.

– И ние не знаеме ништо. Никој не ни се јави, не ни кажува од тие што треба да дадат изјава. Агенцијата треба да отвори и да даде изјава. Бевме и кај министерот во МНР и од таму ништо, изјави Беким Халити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот