Енис Барди/Konyaspor

ВИДЕО | Барди промаши пенал — Коњаспор загуби во финалето од турскиот куп

Македонскиот репрезентативец и капитен Енис Барди нема по добро да го памети финалето од турскиот Куп, откако неговиот Коњаспор беше поразен од Трабзонспор со 2-1, а токму Барди не успеа да реализира пенал во клучен момент од натпреварот.

По израмнувањето на Коњаспор на стартот од второто полувреме, македонскиот играч во 58. минута доби можност од белата точка да му донесе предност на својот тим, но неговиот удар заврши во стативата од голот што го чуваше Онана.

Казната пристигна десет минути пред крајот, кога судијата покажа на пенал и на спротивната страна. Онаучи беше сигурен реализатор за Трабзонспор и го постави конечниот резултат за триумф во финалето.

Претходно, токму Онаучи го отвори резултатот за Трабзонспор, додека Мулека на почетокот од второто полувреме донесе израмнување и надеж за Коњаспор, која сепак не беше доволна за трофеј.

Шкендија си ја сече гранката на која „растеше“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот