Видео: Бајден заспа на самитот во Ангола

фото: Принтскрин/The Telegraph

Американскиот претседател Џозеф Бајден (82) заспал за времена самитот во Ангола, објави Дејли мејл.

 

За време на посетата на таа земја, Бајден најави изградба на железнички коридор вреден 2,5 милијарди долари, кој ќе ја поврзе Африка.

Меѓутоа, за време на дискусијата со африканските власти и американските бизнисмени кои инвестираат во железницата, Бајден двапати ги затвора очите најмалку 80 секунди, пишува Дејли Мејл.

Во еден момент тој сe oпушти, пишува британскиот весник.

Америка и нејзините сојузници инвестираа значителни ресурси во обновата на железничката линија што ги поврзува Замбија, Конго и Ангола.

Бајден изјави дека „Африка е предолго запоставена, но тоа веќе нема да биде така, бидејќи Африка е иднината“.

Бајден најави дека до крајот на деценијата железницата би можела да ги поврзе западниот и источниот брег на јужна Африка, што ќе го забрза транспортот, кој траеше 45 дена до помалку од 45 часа.

Тој, исто така, рече дека сака да го искористи проектот за да се спротивстави на зголеменото влијание на Кина во Африка, имајќи предвид дека Кина веќе има големи инвестиции во рударството и преработката на минерали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот