ВИДЕО | Бајден: Путин е агресор, Путин одбра војна и сега ќе се соочи со последиците

Прес конференција на Џо Бајден по повод украинската криза/Фото; Скриншот

Американскиот претседател Џо Бајден во обраќањето од Белата куќа нагласи дека со недели Русија го планирала нападот врз Украина. Распоредувала војници, воена опрема, полски болници и се што е потребно за почеток на воена инвазија.

Бајден нагласи дека со недели предупредувале на подготовките на Русија, дури и ги објавувале разузнавачките податоци од теренот за да го спречат во намерите да ја нападне Украина.

-Путин е агресор, Путин  одбра војната и сега тој и неговата земја ќе се соочат со последиците, нагласи Бајден.

Бајден рече дека санкциите се дизајнирани да имаат долгорочно влијание врз Русија и да го минимизираат влијанието врз САД и нивните сојузници. И тој рече дека Вашингтон е подготвен да направи повеќе.

Бајден рече дека санкциите ќе ја ограничат способноста на Русија да прави бизнис во долари, евра, фунти и јени.

Бајден рече дека НАТО ќе се состане во петок за да одреди дополнителни мерки. Тој повтори дека САД нема да се вклучат во војна со Русија, но дека ќе ги исполнат обврските од член 5 за одбрана на партнерите во НАТО.

Бајден рече дека ова е опасен момент за цела Европа и дека ги овластил војниците кои биле ставени на готвос  да се распоредат во Германија.

„Агресијата на Путин против Украина на крајот скапо ќе ја чини Русија“, рече Бајден. „Путин ќе биде непожелен на меѓународната сцена.

Бајден се состана со своите колеги од Г7  претходно во четвртокот за да подготви построги мерки против Русија откако Путин го започна нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот