ВИДЕО | Бабунски со еврогол човек на одлука во швајцарското дерби

Фото: Grasshopper Club Zürich

Македонскиот фудбалер Доријан Бабунски беше човек на одлуката во швајцарското дерби помеѓу Базел и Грасхоперс вечерва на „Сент Јакоб-Парк“.

Двата тима не се во врвот на шавајцарскиот фудбал, но ривалството помеѓу двете страни секако останува, па така беше и во денешното соочување.

Директен црвен картон во 18. минута заработи Џака и таа предност гостите ја искористија дури по влегувањето на македонскиот интернационалец. Бабунски на теренот влезе во 58. минута, а вистински еврогол постигна во 72. минута.

За Доријан ова беше втор лигашки гол во дресот на Грасхоперс кој со 20 бодови е седми на табелата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот