ВИДЕО: Австрија постигна десет гола, БиХ испушти победа во 96. минута
Фудбалерите на Австрија ја забележаа најголемата победа од вечерашните квалификации за Светското првенство, Австријците немаа милост и против Сан Марино постигнаа десет гола.
Препорачано
Дебаклот на аутсајдерот беше најавен уште во првото полувреме во кое Австрија постигна шест гола.
Во вториот дел уште четири пати се тресеше мрежата на Австрија за конечни 10-0. Четири гола беа дело на Марко Арнаутовиќ, два постигна Пош, по еден Шмид, Грегортич, Лаимер и Вурмрбранд.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина имаше голема прилика да освои три бода, но одигра 2-2 против Кипар.
Босанците со голот на Катиќ и автоголот на Мичаи имаа водство од 1-2 се до завршницаа кога Питаш реализираше најсторга казна во 96. минута. Претходно за намалување на 1-2 се погрижи Лафис.
На останатите средби Данска беше убедлива со 0-6 против Белорусија, Холандија славеше над Малта со 0-4, Шкотска ја доби Грција 3-1, додека Чешка и Хрватска го одиграа единствениот натпревар без голови.ж
Најголемиот срам во денешните средби го доживеja Црна Гора која беше декласирана од Фарски Острови со 4-0.
Преземено: Спорт.ком.мк
ВИДЕО: Фудбалерите на Црна Гора го доживеаја најголемиот срам во својата историја


