Авионска несреќа во Индија / Фото: EPA-EFE/SIDDHARAJ SOLANKI

ВИДЕО | „Авионот е во твои раце“: Снимка од црната кутија откри нови детали за авионската несреќа во Индија

„Авионот е во твои раце“, наводно му рекол капетанот Сумит Сабхарвал на првиот офицер Клајв Кундер непосредно пред падот на авионот, изјавиле за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ два извори запознаени со содржината на снимката.

Според истите извори, како што пренесува Дејли Мејл, иако не е невообичаено капетанот да му ја препушти контролата на леталото на првиот офицер за време на полетување, пилоти кои се запознати со прелиминарниот извештај за несреќата процениле дека Кундер во тој момент „имал полни раце работа“ летајќи го авионот.

Авионот полетал во 13:38:39 часот и останал во воздух околу 30 секунди пред да ја изгуби моќта и да се урне во зграда на студентски дом.

Патнички авион што леташе од меѓународниот аеродром Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад кон аеродромот Гетвик во Лондон, се урна во областа Мегани Нагар кратко по полетувањето на 12 јуни.

Ер Индија објави дека во авионот на летот „AI171“ имало 242 патници и членови на екипажот, од кои 169 биле индиски, 53 британски, 7 португалски и 1 канадски државјанин.

Компанијата потврди дека 241 лице во авионот го загубија животите, а единствениот преживеан е на лекување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот