ВИДЕО: Атлетико Мадрид ја совлада Гранада, вреди да се погледне голот на Депај

фото: EPA-EFE/JEON HEON-KYUN

Во последниот натпревар од првото коло од новата сезона во „Ла Лига“, Атлетико Мадрид на домашен терен ја победи Гранада со 3:1.

Атлетико поведе со голот на Мората (45+4) во судиското надополнување на првото полувреме. Гостите израмнија преку Саму (62), а домаќините предноста ја вратија пет минути подоцна со прекрасниот гол на Депај од речиси 30 метри.

Љоренте го постави конечниот епилог (90+8) во последните секунди од мечот на „Метрополитано“ стадионот.

Претходно во понеделникот Кадиз како домаќин го совлада Алавес со голот на Сан Еметерио (1:0).

Во рамките од второто коло Атлетико Мадрид на 20 август ќе гостува кај Бетис, додека Гранада еден ден подоцна ќе го пречека Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот