ВИДЕО | „Атенционе, пикпокет!“: Запознајте ја жената која предупредува за џепчии

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ nytimes

Веројатно не го знаете лицето на Моника Поли, но можеби ќе го препознаете нејзиниот глас. Ако деновиве „скролате“ на ТикТок, неизбежно ќе ви се појави некое видео со гласот на г-ѓа Поли кое предупредува:

„Атенционе, борсеџатричи! Атенционе, пикпокет!“, што во превод значи „Внимание џепчии“.

Г-ѓа Поли (57), која живее во Венеција, стана позната на социјалните мрежи бидејќи патролира по улиците на нејзиниот роден град, предупредувајќи ги туристите за потенцијални џепчии, пишува „Њујорк тајмс“( Nytimes).

Таа е дел од групата позната како „Читадини нон дистрати“ (Cittadini Non Distratti) – „Нерасеани граѓани“ – кои талкаат низ градот викајќи по луѓето за кои веруваат дека се крадци (џепчии) кои крадат паричници, пасоши и други предмети од џебовите на минувачите.

Понекогаш г-ѓа Поли и нејзините колеги, аматерски чувари ги пријавуваатт овие осомничени џепчии во полиција. Во 2019 година, „Економист“ објави дека групата била одговорна за една третина од сите апсења на џепчии извршени во Венеција.

Цивилната група е активна со децении, но неодамна се придружи на ТикТок и Инстаграм, каде сега ги следат стотици илјади луѓе, најмногу благодарение на непогрешливиот глас на г-ѓа Поли.

@cittadininondistratti2 #CITTADININONDISTRATTI #cittadininondistratti #PICKPOCKETS #BORSEGGIATORI #BORSEGGIATRICI #VENEZIA ♬ suono originale – Cittadini Non Distratti

Во видеата, г-ѓа Поли снима некои места каде има многу гужва, како на пример градската железничка станица. Потоа, кога ќе види потенцијален џепчија почнува да вика. На некои снимки се гледаат осомничените како бегаат од нејзиниот објектив. Другите кои се навидум фатени на дело се покриваат со чанти или капи за да си ги скријат лицата.

Гласот на г-ѓа Поли стана „мим“(meme) на социјалните мрежи, а веќе има и ремикси на песни каде се користат познатите реченици: „Атенционе, борсеџатричи! Атенционе, пикпокет!“.

Во едно неодамнешно интервју, г-ѓа Поли, вели дека иако ѝ е чудно тоа што нејзиниот глас е насекаде, сепак е среќна бидејќи пораката која сакала да ја испрати стигнала таму каде што треба.

„Сакаме туристите, луѓето кои доаѓаат во Венеција и Милано, повеќе да внимаваат. Џепџиите се толку брзи“, вели г-ѓа Поли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот