ВИДЕО | Арифи: Судството застанува на свои нозе, важно е министрите и премиерот да се дистанцираат од него

Универзитетската професорка Беса Арифи во гостувањето на Утрински брифинг нагласи дека е важно политичарите да се дистанцираат и да не сакаат да влијаат врз судството.

-Тоа треба да се поздрави бидејќи до сега тоа не беше така. На директен или на индиректен начин до сега се знаеше кој како интервенира, па дури и слушнавме зво незаконско прислушуваните материјали за тоа. Многу е важно министрите, премиерот да се дистанцираат од судството и да му овозможат простор за работа. Кај нас ова долго време не функционираше како што треба, па дури и самото судство имаше дилеми дали е власт или не. Јас мислам дека правилното функционирање на судството се гледа преку нивните пресуди и мислам дека почнуваме да имаме навистина интересни и многу важни пресуди кои се за поздравување. Таква е пресудата за Таргет – Тврдина што беше мајка на сите предмети. Иако во прв степен се дојде до многу достоинствен заклучок и навистина покажува дека судството застанува на свои нозе и може да носи и такви одлуки и пресуди кои имаат важна порака во однос на превенцијата на ваквиот вид на криминал и се праќа порака дека ваквите работи нема да се толерираат, изјави во Утрински брифинг универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи.

Таа смета дека и кај Обвинителството има интересен развој.

-Има одлични обвинители кои навистина добро ја вршат работата, особено со случаите од СЈО и резултатите во овие пресуди кои што сега ги гледаме е една одлична работа на обвинителството.

Целиот разговор со универзитетската професорка Беса Арифи погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот