ВИДЕО | Апасиев: Левица ја дуплираше поддршката, Амар е новото лице на партијата
На вечерашната прес-конференција лидерот на Левица, Димитар Апасиев порача дека на овие локални избори ВМРО-ДПМНЕ стагнирале, а Левица ја дуплирале поддршката.
Препорачано
-Ова е пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица оваа вечер ќе честитам победа само на градоначалниците во Кичево и Брвеница – изјави Апасиев.
Според него, Левица на овие избори остварила значаен напредок и порача дека се прва партија во центарот на Карпош и урбаниот дел на Аеродром.
– ВМРО стагнира, Левица ја дуплира поддршката. Амар е новото лице на Левица – изјави Апасиев.

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, изрази задоволство од изборните резултати.
-Постигнавме нешто што не можевме да го замислиме пред два месеци, изјави Мециновиќ и додаде дека владејачката партија се обидела да ги обесхраби скопјани ама не успеала.
Тој додаде дека на парламентарните избори претендираат Левица да биде прва партија во Скопје.
Според податоците од Државната изборна комисија, Мециновиќ во вториот круг освоил 59.178 гласа, додека противкандидатот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ забележа убедлива победа со 93.313 гласа.
Мециновиќ задоволен од изборниот резултат: Во вториот круг освоив двојно повеќе гласови


