ВИДЕО АНКЕТА: Зимувањето станува луксуз, ако се оди изборот се Маврово и Попова Шапка

фото: Слободен печат

Висината на снежните покривки на планините во Македонија недоволно ги примамува скијачите, но во тек е зимскиот распуст, а тоа за родителите на ученици е единствен период за зимување. „Слободен печат“ ги праша случајните минувачи дали ќе одат и каде на зимување?

Поголемиот дел од анкетираните ни одговорија дека нема да одат никаде, за тоа влијаат различни фактори. Некои од нив не сакаат зима, дел немаат финансии, има и такви кои сметаат дека нашите ски-центри немаат добри услови, но за повеќето Маврово и Попова Шапка се избор за поминат убав зимски одмор.

– Секоја година одам во Маврово, па убаво е Маврово, треба да одиме таму, вели еден скопјанец.

Друг од анкетираните, пак, вели дека 90 отсто од луѓето немаат да одвојат финансиски средства ниту за зимување, ниту за летен одмор.

– Оваа година нема да одам на зимување, 90 отсто од луѓето нема да одат ниту на зимување, ниту на летен одмор, затоа што го лажат народот за просечна плата. Треба да кажат колку имаат потпросечна, а колку натпросечна плата и пензија. Над 70-80 отсто од луѓето имаат потпросечна плата и пензија и тие не можат да преживеат, а не да одат по одмори, вели анкетираниот.

Еден скопјанец вели дека последен пат бил на зимување пред околу седум години. Последните години не оди поради тоа што е скапо, а доколку би можел да оди дефинитивно би одбрал некој од нашите ски-центри.

– Доколку би можел, секако првично би ги одбрал нашите центри, меѓутоа ниту има добри услови, ниту пак е пристапно за нас, објаснува тој.

Работата ја спречува младата скопјанка, што ја сретнавме, да „побегне“ некаде на свеж воздух.

– Оваа година нема да одам на зимување бидејќи работам. Не сакам многу зима, па можеби затоа приоритет ми е работата. Кога одам на зимување тогаш тоа е Маврово, вели таа.

фото/Слободен печат

Сретнавме и Македонци кои долги години живеат во Холандија, а моментално се на зимување во Македонија.

– Доаѓаме од Холандија, моментално сме на одмор овде во Македонија. Од Македонија најмногу ни недостасуваат планините, рекоа во еден глас младите сопружници пред камерата на „Слободен печат“.

Целата анкета погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот