ВИДЕО АНКЕТА: Што им значи на скопјани коледе?

Анкета: Слободен печат: Фото-Принскрин

Во пресрет на големиот верски христијански празник Божиќ, „Слободен печат“ ги праша младите скопјани дали знаат што е коледе и што значи самиот чин на Бадник?

Голем дел од нив велат дека за нив коледе значи одење од врата на врата, примање костени, ореви, слатко или нешто што имаат луѓето да дадат, пеење на класичната коледарска песна.

– Тоа е традиција со која се укажува на значењето на Господ, преку бадниковите поворки, преку Божиќ, традиционалната трпеза нели, како што оди редот – вели млад скопјанец.

Скопјанка објаснува дека децата ги симболизираат ангелите што го најавуваат Христовото раѓање.

– Божиќ е еден од нашите големи празници, значи радост, љубов … Тоа им го посакувам на сите-вели скопјанката.

За повозрасен господин коледе претставува обичај воспоставен пред многу години.

– Тоа е обичај кој долги години се практикува и на тој ден коледарите одат со торбички, со чукање, тропаат на вратите, пеат песни соодветни за тој момент, потоа излегуваат домаќините и ги даруваат со различни продукти, јаболко, ореви од сезоната, и по некоја паричка-вели господинот.

За млада домаќинка ова е радост бидејќи на секое утро на шести јануари доаѓаат деца.

– Доаѓаат коледари, ни носат радост, го најавуваат Христовото раѓање, ги даруваме со сè посно, кој што има-вели скопјанката.

Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот