ВИДЕО АНКЕТА | Се трга по некој денар на страна и покрај ниските плати и енормно високите цени
Македонците се штедлива нација. Штедат во банки и штедилници, но и под перници бидејќи велат дека каматите на депозитите се многу ниски. „Слободен печат“ на Светскиот ден на штедењето ги праша граѓаните дали и колку штедат? Генерално сите соговорници велат дека штедат ограничувајќи си ги потребите кои ги имаат, не живеат луксузно и тргаат пари на страна.
Препорачано
-Штедиме колку можеме. На кој начин? Па, се ограничуваме од луксузот. Не треба да трошиш многу, и кога јадеш леб, ако јадеш премногу, ќе те боли стомак- на шега вели еден граѓанин.
Друг објаснува дека одредува буџет за трошење за да штеди редовно.
– Парите кои остануваат зависат од тоа каде работиш и што работиш. Има начин каде можеш да штедиш и има начин каде што не можеш да штедиш, и да сакаш не можеш, во ова време, колку и да сакаш, не можеш да штедиш, вели една скопјанка.
Таа објаснува дека гледа најпотребното за дома да го купи, затоа што со платата која ја зема не може да штеди.
– За да штедам, треба да земам доста пари и да ги тргнам на страна, но како што тргнало поскапувањето во државата ништо не останува, можеби и се задолжуваме за да го поминеме месецот- вели таа.
Друга објаснува дека штедењето и зависи од месечните приливи кои ги има, секогаш пробува да има стредства на страна, затоа што пандемијата со ковид 19 и покажала дека мора да има пари на страна.
-Со нашите плати не може да се штеди. Но некои можат. Во државава имаме плати на пратеници и имаме плати на обичен граѓанин. Во денешно време не, но порано сум штедел- вели еден господин.
Друг објаснува дека е задолжен нема можност да штеди.
– Па во принцип, штедењето ми доаѓа принудно, мора да води сметка човек колку троши и што троши, особено сега, нели, намалени средства, зголемени цени, трошоци на живот зголемени, така да, ми е како принудно штедењето. А дали со нашите плати и пензии може да се штеди? Па јас лично да. За среќа, да. Но има луѓе кои што за жал неможат да преживеат а не па да штедат- вели тој.
Целата анкета на нашата колешка Агнеса Чаволи погледнете ја тука:


