ВИДЕО | Андоновиќ: Тензиите на Косово запрени, но проблемот не е решен

Косово и Србија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

По повеќечасовни преговори во Брисел, постигнат е договор меѓу Белград и Приштина за табличките. Договорено е Белград да престане да издава регистарски таблички со имињата на градовите на Косово и Метохија, а Приштина да ги прекине понатамошните активности поврзани со пререгистрацијата на возилата, најави високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел. Директорот на Канцеларијата за КиМ, Петар Петковиќ оцени дека мирот е зачуван бидејќи табличките на КМ остануваат.

Постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина во Брисел секако ќе влијае на смирување на тензиите на северот на Косово и Метохија.

Тоа значи дека е исполнето првото од двете барања на Србите кои ги напуштија институциите од почетокот на ноември. Укинување на одлуката за пререгистрација е првото барање, а второто се однесува на формирање Заедница на српски општини.

Србите покажаа дека повеќемесечните напори на владата во Приштина да ги убеди да ги пререгистрираат своите возила пропаднаа, а сопствениците на возила со српски таблички со почетните букви на градовите во Косово и Метохија сега чекаат да видат колку подолго ќе можат да ги користат.

Сите овие месеци демонстрираа став дека не сакаат промени и дека не сакаат таблички на кои е напишано РКС.

Во Приштина веќе не се занимаваат со табличките и можноста, тие да можат да продолжат да се користат, но нагласуваат дека сега може да започнат интензивни разговори за целосна нормализација на односите со Белград.

Главниот преговарач на делегацијата од Приштина, Бесник Бисљими изјави дека сега интензивно треба да се разговара за предлогот на ЕУ, попознат во јавноста како француско-германски предлог. По разговорите во Брисел, Бисљими потврди дека претставниците на ЕУ многу брзо ќе ги поканат Александар Вучиќ и Албин Курти да започнат интензивни разговори за тој предлог.

Претседателката во Приштина, Вјоса Османи, набргу по постигнувањето на договорот му се заблагодари на американскиот амбасадор во Приштина, на американската влада за, како што наведе, активното вклучување во постигнувањето на договорот во Брисел.

Во име на опозицијата на Косово свој став даде и поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, кој претходните денови го критикуваше Курти за одлуките за регистарски таблички, бидејќи не ги почитувале предлозите на САД и Европа за одложување на пререгистрацијата. Харадинај сега вели дека го поздравува договорот и дека „време е да се склучи договор за признавање со американското раководство“.

Сепак многумина сметаат дека овој договор освен што ги намали растечките тензиии од нови судири, сепак целосно не го решава проблемот.

Имено, договорот за таблиците на КМ да останат во употреба и да можат да се продолжи регистрацијата, но да не се издаваат нови е привремено решение и проблемот не е решен.
Особен проблем останува прашањето за Заедницата на српски општини, без чие формирање Србите нема да се вратат во институциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот