ВИДЕО | Андоновиќ: Дали руската вакцина ќе ги имунизира европјаните?

Фото: EPA

Лидерите на Русија, Франција и Германија одржаа видео конференција со фокус на вакцините против коронавирусот, нуклеарниот спор со Иран и конфликтите во источна Украина, Либија и Сирија.

Кремљ соопшти дека лидерите на трите држави имале „отворен и деловен“ видео разговор, во чиј фокус била и опцијата за регистрација на руската вакцина „Спутник V“ во Европската унија и можноста за нејзино доставување и заедничко производство во земјите на ЕУ. Опцијата, до вчера непризнаената и ривалска вакцина, да влезе на европско тло, е резултат на неуспехот на западните фармацевски компани да ги достават потребните дози на вакцини за потребите на европските граѓани.

Познато е дека покрај Фајзер и Модерна кои не успеваат да произведат и дистрибуираат свои вакцини за Европа, неодамна и бритaнско – шведската АстраЗенека најави дека нема да го испочитува договорот со европската комисија и наместо 300 милиони ќе достави околу 100 милиони дфози вакцини за потребите на ЕУ.

Сето ова отвори простор европјаните да се согласат да разговараат за можноста за влез на политички и бизнис ривалската вакцина Спутник В на европска територија, бидејки динамиката на имунизирањето во Европа заостанува зад брзината на ширењето на вирусот.

Од друга страна и Москва очигледно одлучи да ги затопли односите со ЕУ и да започне да соработува, особено по последните настани, кога заради неколкју горливи политчки и економски причини Брисел воведе санкции за Русија.

Се чини дека апсењето на Навални, Северниот поток и обвинувањето за агресивното руско мешање во одредени региони во светот сега ќе се ставаат на страна, и ќе се даде приоритет за зедничка борба против светската пандемија. Се разбира по евентулниот договор на Меркел, Макрон и Путин, најверојатно ќе треба и Европската агенција за лекови да даде дозвола за употреба на Спутник В, па можеби ќе биде опфатена и во листата на вакцини признанени во таканаречените ковид пасоши , кои се пизвесно ќе се воведуваат за патување во земјите во и вон ЕУ.

Засега ќе се чека исходот, но токму руската вакцина и засега немањето дозвола за нејзина набавка и употреба, синоќа ја урна Словачката влада на премиерот Игор Матович. Причина за паѓањето на неговата влада е тоа што беше обелоденето дека преку таен договор владата договорила да набави 2 милиони дози од руската вакцина „Спутник В“. За овој договор не биле известени коалиционите партнери на Матович, па под нивни притисок тој прифати да даде оставка од премиерското столче. Тоа е првата европска влада која паѓа поради пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот