ВИДЕО | Анализа: Зошто Христовски јавно не се произнесе за своите дипломи?
Антикорупциска комисија испратила барање до Просветниот инспекторат со кое се бараат информации за факултетската диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски од Универзитетот за менаџмент и туризам.
Ова е нова претставка за новоименуваниот директор на АНБ, на кој претходно спорно му беше образованието по англиски јазик, односно сертификатот по ТОЕФЕЛ.
– Се очекува Инспекторатот да ја расчисти сагата околу образованието на Бојан Христовски, кој откако стана директор на АНБ постојано е во центарот на вниманието на јавноста. Од ВМРО-ДПМНЕ дури тврдеа дека нападите за Христовски се дел од хибридната војна против новата Влада на Македонија, но од друга страна се чини дека постои основано сомнение дека тој можеби нема валидна факултетска диплома. Можеби не е лошо и самиот Христовски конечно да се огласи во јавноста и да ја каже својата вистина околу сопственото образование – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.