ВИДЕО | Анализа: Што се случи на изборите во Германија?

Германската социјалдемократска партија (СДП) победи на изборите во Бундестагот, пред конзервативниот блок на канцеларката Ангела Меркел, јави ДПА, повикувајќи се на податоци објавени на веб страницата на федералната изборна комисија по пребројувањето на гласовите.

Според информациите СДП добива 25,7 проценти од гласовите, што за нив е најдобар резултат во последните неколку години. Блокот на Меркел, составен од Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и Христијанско -социјалната унија (ЦСУ), собра 24,1 отсто, што пак е најлош резултат. Зелените се на трето место со 14,8 проценти, а Слободната демократска партија доби 11,5 проценти и бележи зголемување на поддршката. Партијата Алтернатива за Германија падна на петтото место со 10,3 проценти.

Анализата со новинарите Зоран Јордановски, Борис Георгиевски и Дејан Андоновиќ погледнете ја во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот