потрошувачка кошничка
Синдикална кошница / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

ВИДЕО | Aнализа: Останавме без новогодишната потрошувачка кошница

Заврши акцијата „Новогодишна потрошувачка кошничка“ и останува прашањето дали сега прехрабените производи коишто беа на попуст ќе поскапат во наредниот период.

– Тешко е да се одговори на тоа прашање, особено што потрошувачката кошница беше составена на доброволен однос на трговците, иако Владата тоа го рекламираше. Инфлацијата во декември била 4,4 проценти повисока од истиот период лани, а уште поголема кога се согледуваат цените на прехрамбените производи. Затоа и не ни изгледаше поевтино, но ќе беше уште полошо доколку не беа попустите. Сепак, некои производи како кафето, какаото и маслото за јадење поскапеа многу, а тука никој нема контрола бидејќи нивната цена се регулира берзански. Тоа предизвика поскапување на есецијалните производи кои на големо се трошат во празничните денови – вели новинарот на Слободен печат, Срѓан Ивановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот