Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Американската војска уништи брод за дрога на Карибите

Американската војска вчера соопшти дека погодила брод за шверц на дрога на Карибите, при што загинале тројца мажи, што е најновиот ваков инцидент во последните месеци во регионот, пренесува Газета експрес.

Администрацијата на Трамп го фали својот успех во неутрализирањето на осомничени бродови за шверц на дрога на Карибите.

 

Војската во објава на платформата Икс изјави дека бродот бил вклучен во „операции за трговија со дрога“.

Ројтерс соопшти дека не може да ја потврди оваа информација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот