ВИДЕО Амбулантното возило што растовара мебел во казино во Тетово, е на приватна здравствена установа

На социјалните мрежи се појави видео од амбулантно возило на итна помош, како растовара мебел во казино во Тетово. „Слободен печат“ стапи во контакт со Здравствен дом Тетово, а директорот Борислав Јоргаќиески ни изјави дека не станува збор за возило во сопственост на јавна здравствена установа, туку за амбулантно возило во сопственост на приватна здравствена установа.

-Запознаено е министерството за здравство и проверка беше направена дека возилото не е ниту на Здравствен дом Тетово, ниту на болницата туку на приватна здравствена установа. Некои од нив во Тетово, имаат сопствени амбулантни возила, изјави Јоргаќиески за „Слободен печат“. 

@tetovasot_official

Skandal në Tetovë me veturën e ambulancës transportojnë tavolinat e Kazinove#tetovasot #nevrijademi #CapCut #veriu #foryou #news #tiktok #foryoupage #Tetova #viral

♬ original sound – TetovaSot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот