Ален Исламовиќ / Фото: „Слободен печат“

ВИДЕО | Ален Исламовиќ сподели емотивна приказна од неговиот престој во Скопје

Ален Исламовиќ објави емотивна снимка од Скопје, за време на неговиот концерт кој се одржа во Филхармонијата минатата недела.

Музичарот кој беше фронтмен на групите „Бијело Дугме“ и „Дивље јагоде“ објави видео од скопскиoт хотел каде што беше сместен, како ја пее песната „Sanjao sam noćas da te nemam“ само во придружба на пијано.

Исламовиќ и пијанистот звучат одлично во оваа акустична изведба, во песната која ја пееше Жељко Бебек, на почетоците на „Бијело Дугме“.

„Како што го носи животот, така јавната личност треба и да се однесува. Останав ист, непроменет. Единствено што носиш на грбот се повеќе години, но годините не се товар ако го сакаш тоа што го работиш“, рече Исламовиќ во интервју за „Слободен печат“ пред концертот.

„Не би менувал ништо. Би го повторил сето ова исто, бидејќи моите патишта и мојот живот можев да ги кројам само јас и никој друг. Своите одлуки ги носев по чувство и во моментот кога требаше да бидат донесени. Јас се создавав себеси, никој друг не ме создаде и на тоа сум горд“, додаде легендарниот пејач.

Концертот на 15 мај во Скопје почна со најголемите хитови на „Бијело Дугме“, и заврши со баладите и брзите хитови кои ја одбележаа последната ера на еден од најголемите бендови во поранешна Југославија. Додека ги пееше „Хајдемо у планине“ или „Ружица си била“, атмосферата беше слична како во времето на крајот на 1980-тите кога Бреговиќ со „Дугме“ полнеше сали на последната турнеја на бендот. Секако, тука се и „Мотори“ и „Не желиш крај“ кои ги испеа во „Дивље јагоде“.

Публиката, баладата која беше химна на младешките собиранки со гитари по парковите, на плажите и на екскурзиите ја испеа со него со него гласно, од почеток до крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот