ВИДЕО: Активисти се обидоа да ја „нападнат“ и сликата „Врисок“ на Едвард Мунк, ама не успеаја

Фото: Твитер/принтскрин

Двајца екоактивисти денеска се обидоа, но не успеаја да ги залепат рацете до ремек-делото на Едвард Мунк „Врисок“ од 1893 година во музеј во Осло, соопшти норвешката полиција.

Нема оштетувања на прочуената слика, која прикажува згрчена фигура која вреска, објави АП.

Полицијата соопшти дека денеска добила повик од Националниот музеј на Норвешка и дека три лица се „под контрола“ на органите на редот.

Еден од нив снимаше ги снимаше другите двајца, кои се обиделе да се залепат до сликата, пренесе норвешката агенција NTB.

Просторијата што ја содржи сликата заштитена со стакло е „ослободена за јавноста и затворена“ и ќе биде повторно отворена што е можно поскоро, соопшти музејот, а остатокот остана отворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот