ВИДЕО | 75% од младенците кои ја избрале оваа песна за првиот свадбен танц се развеле: Случајност?

Unsplash
Unsplash

Првиот танц е еден од важните ритуали на секоја свадба, симбол на нов почеток, така што сите младенци внимателно ја избираат песната со која ќе го изведат, а притоа истата има посебно значење за нивната врска. Сепак, според едно истражување, избраната песна може да ја означи иднината на тој брак.

Порталот OnBuy спроведе истражување за да открие дали има врска помеѓу стапката на разводи и песните што младенците ги избрале за нивниот прв танц.

Тие анкетирале 5544 луѓе ширум светот која песна ја избрале и кој е нивниот моментален брачен статус. Потоа направиле список со 25-те најчесто избрани песни споредбено со брачниот статус, пренесува,Honey Nine“.

Добиените податоци покажаа дека најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли со 10,48 проценти од гласовите.

Сепак, од друга страна, се покажа дека песната што најчесто носи среќа во бракот е „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон – 77 проценти од оние што ја избрале останале во брак.

Всушност, се покажа дека парот е поверојатно да остане во брак ако го играат првиот танц со хит од филмовите на Дизни, а повеќе од 70 проценти од анкетираните парови се во хармоничен брак.

Песните што им донеле среќа во бракот на младенците се исто така „ Isn’t She Lovely“ на Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ на Френк Синатра.

Од друга страна, песната што заврши со најмногу разводи е „One Things“ на групата One Direction – дури 75 проценти од паровите кои ја одбрале таа песна се разведени. Па, доколку се одлучивте за оваа песна за вашиот прв танц, можеби не е лошо да размислите малку повеќе.

На непопуларната листа на песни по One Direction следуваат „ I’m Yours“ од Jason Mraz и „Chasing Cars”  од групата Snow Patrol.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот