Виц на денот: Љубовна облека

Виц на денот
Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Мајката ненајавена се појавила во домот на својот син. Таа пристојно тропнала на врата и веднаш влегла внатре. Била вчудоневидена кога ја здогледала својата снаа како лежи на кревет целосно гола. Во позадина свирела нежна музика, а во воздухот лебдел пријатен мирис од заводлив парфем.

– Што правиш? – ја прашала свекрвата.
– Го чекам мојот и твојот Иван да се врати од работа – одговорила снаата.
– Но, ти си гола – рекла свекрвата.
– Тоа е мојата облека за љубов – рекла снаата.
– Облека за љубов? Па ти немаш ништо на себе!
– Иван е пресреќен кога ја носам таа облека, секој пат кога ќе ме види во неа станува неверојатно романтичен и со часови не ме остава на мир – рекла снаата.

Свекрвата си заминала, кога дошла дома се соблекла, се намирисила со најдобриот парфем, ги придушила светлата, легнала на кревет и го причекала мажот да дојде од работа. Кога нејзиниот сопруг си дошол дома, влегол во дневната соба и ја здогледал својата сопруга како лежи на кауч во провокативна поза.

– Што е тоа? – ја прашал сопругата.
– Тоа е мојата љубовна облека – заводнички му одговорила жената.
– Е,па треба да ја испеглаш – ѝ рекол мажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот