Виц на денот: Лектор
Влегува лектор во сендвичара: – Здраво ќе може еден хамбургер? – Да, со све? – Без “в”.
Влегува лектор во сендвичара: – Здраво ќе може еден хамбургер? – Да, со све? – Без “в”.
Трпе му се жали на Цветко: – Излегов со една на кафе и почна да нарачува: кафе, пица, вино, тирамису… Па ја прашав: – Што не ја зеде и сметката за струја да ти ја платам?
Се јавува Трпе во пожарна: – Ало! Се степаа двајца! – Дечко што да правиме ние? Наша работа е да гасиме пожари, а не да сопираме тепачки! – Епа едниот е полицаец, а другиот доктор! Кај да се јавам?!
Цветко го прашува Трпе: – Трпе колку деца имаш? – Два сина и третиот е на пат. – Од кај си сигурен дека и третиот е син? – Па како да не бидам, кога вчера тргна на пат до Германија
Во болница го носат Трпе со преврзана глава. Сестрата ги потполнува документите и го прашува: – Женет? – Не, не, ме удри кола…