Ви носиме рецепт за велигденското лепче Казатело на наполитански начин, пробајте нешто сосема поразлично и превкусно
Прославеното Казатело може да ја краси и вашата велигденска трпеза.
Дегустирајте го вкусното велигденско лепче какво што го подготуваат наполитанците.
Препорачано

Потревни намирници
За тестото – 500 грама пченично брашно, 1 квасец, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сол, 300 мл топла вода.
За полнење – 100 грама исечкана варена шунка, 100 грама исечкан врат (или кулен), 200 грама изрендан кашкавал (едамер), 50 грама маслинки, 4 варени јајца.
Подготовка
Квасецот со шеќерот и малку брашно разматете ги во малку вода и оставете ги на топло место 10-на минути. Останатото брашно помешајте го со солта, додадете го подигнатиот квасец и останатиот дел од водата, па замесете тесто. Покријте го тестото и оставете го на топло место половина час. Потоа, премесете го тестото и развлечете го, и врз него наредете го вратот, шунката, кашкавалот и исечканите маслинки. Јајцата може да ги додадете исечкани или подобро – наредете ги на краевите на тестото , потоа завиткајте го тестото во ролат. Лебот ставете го во премачкан калап и оставете да се подигнува 20-на минути. Во претходно загреана рерна печете на 180-200 степени околу 1 час.
Лепчето Казатело сервирајте го со млад кромид и рен. Послужете го додека е врело.


