Ветеринарите откриваат зошто кучињата некогаш го душкаат вашето меѓуножје

Фото: Pixabay/ LUM3N

Многумина се нашле во непријатна ситуација, кога ќе поздравите слатко кученце, а неговата муцка завршува таму каде што навистина не сакате. Исто така, не е пријатно кога и вашето куче ќе почне да го душка меѓуножјето на странец, но ветеринарите имаат објаснување за ова однесување, пишува „Ридерс дајџест“.

Кучињата се љубопитни по природа и го користат својот нос за да соберат секакви информации за луѓето, животните и нивната околина.

„За нив тоа е начин на живот. „Кучињата имаат феноменално сетило за мирис, а тоа душкањее на меѓуножјето е само уште една алатка што ја користат за да не запознаат“, вели ветеринарот Вернард Хоџис.

Но, зошто кучињата го душкаат тој дел од телото?

Едноставно кажано, тоа е најпристапното место за кучето. Тие откриваат феромони, кои се хемиски сигнали произведени од апокрините (потните) жлезди, кои се наоѓаат главно во препоните и пазувите на луѓето. Двата дела од телото пренесуваат многу информации, како што се возраста, полот, расположението и здравствените проблеми. Но, на нашите четириножни пријатели едноставно им е многу полесно да пристапат до меѓуножјето отколку до пазувите.

Фото: Pexels/ Jenda Kubeš

Благодарение на Јакобсоновиот орган, кучињата имаат импресивно сетило за мирис. Се наоѓа на непцето, со канали кои се отвораат кон носот и устата, овозможувајќи оптимални способности за душкање.

„Тој содржи милиони специјални миризливи рецептори, кои ги фаќаат мирисите, овозможувајќи подобрено откривање на мирис. Носот на кучето е 100 илјади до милион пати почувствителен од човечкиот нос, но некои раси, имаат нос ко е 10 до 100 милиони пати почувствителен од нашиот“, објаснува ветеринарката Хилари Вилер.

И покрај гласините дека кучињата можат да мирисаат на бременост, тоа не е точно. Ветеринарката Дејанира Смит вели дека, она што тие можат да мирисаат е промена во нашите тела, а што може да се должи на хормоните.

Фото: Pexels/ cottonbro studio

„Бременоста или можеби други здравствени проблеми може да го променат сетилото за мирис на човекот, па тоа може да биде причина за прекумерно душкање во некој дел од човечкото тело“, додава Смит.

Иако не е многу пријатно кога куче ќе ви душка околу меѓуножјето, за нив тоа е апсолутно нормално однесување.

Душкањето на препоните не е толку различно, од тоа кога кучињата се душкаат за да се поздрават и да соберат информации за возраста, полот и репродуктивниот статус на другите кучиња.

Бидејќи кучињата ги сметаат луѓето како дел од нивната глутница, нагонот да го душкаат меѓуножјето, веројатно е инстинктивен начин на поздравување на луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот