Ветеринарите објаснуваат: Kако шепите на вашето куче можат да пренесат паразити во домот

Фото: Pexels/ Jessica Nunes

Сопствениците на домашни миленици секогаш се обидуваат да ги чуваат своите кучиња чисти,  да ги бањаат редовно, но колку и да изгледаат лицето и крзното на вашето куче, свежи, чисти и сјајни, постојат четири мали места, кои обично се повалкани од останатите. И како што веројатно претпоставувате, тоа се нивните шепи, пишува „Њусвик“.

Кучињата, без разлика на нивната раса и големина, постојано трчаат надвор, си играат во градината, копаат во нечистотијата за да направат дупки и шетаат во секакви нечистотии, и затоа секогаш има нивните шепи се валкани. Но, колкав ризик претставува ова?

Ветеринарите објаснуваат за ризиците од немиење на шепите на вашето куче и кој е најдобриот и најлесниот начин да ги исчистите, откако ќе се вратите дома од прошетка.

Тие советуваат дека чистењето на шепите на вашето куче по прошетка, не е само добар начин да го одржувате чисто вашето домашно милениче и неговата околина, туку дека тоа им помага да бидат заштитени од какви било алергени.

Нивните шепи се во директен контакт со земјата цел ден, па кучињата често се изложени и на бактерии и паразити кои можат да ги донесат во вашиот дом, и тоа не е идеално, особено ако им е дозволено да се на вашиот кревет или на каучот, или ако се постојано се гушкате и играте со нив.

Ветеринарите велат, дека во одредени случаи јајцата од паразити, како оние од тркалезните црви и анкилостомата, може да се залепат за шепите на вашето куче, а тоа може да предизвика непријатни инфекции и кај нив и кај вас. Па, покрај чистењето на нивните шепи, секогаш треба да внимавате да го заштитите вашето кученце со месечни или периодични ампули против паразити.

Фото: Pexels/ Karolina Grabowska

Исто така, добра практика е нивниот измет да се проверува и за цревни паразити, еднаш до двапати годишно, за да сте сигурни дека тие се секогаш здрави.

Покрај тоа, што ќе го одржувате вашето кученце и вашиот дом чисти, бришењето на шепите на вашето куче по прошетка, исто така ќе ви овозможи да ги прегледате милениците, за повреди или изгореници на шепите, кои се вообичаени во лето.

Најдобар начин да ги избришете шепите на вашето куче е со марамчиња за бебиња, влажни хартиени крпи, марамчиња за домашни миленици или памучни влажни крпи за раце, кои ја прават работата брза и лесна, а исто така се погодни за носење во торба ако патувате.

Ветеринарите предупредуваат сопствениците на кучиња, да не користат груби средства за чистење или производи кои не се одобрени за контакт со кожата.

Ако само одите дома, можете да ги исчистите со вода. Не треба целосно да го намокрите вашето куче, можете само да му ги измиете шепите.

Многу е важно да се погрижите темелно да ги исушите шепите, пред да го оставите вашето куче да се врати надвор, за да избегнете нешто да се заглави на нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот