Вест хем со истиот тренер со кој испадна сака експресно да се врати во Премиер лигата
Вест хем одлучи да ја продолжи соработката со тренерот Нуно Еспирито Санто, и покрај тоа што клубот не успеа да го задржи статусот во Премиер лига.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Чеканите“ во последното коло го совладаа Лидс, но триумфот не беше доволен за опстанок. Сезоната ја завршија со 39 бодови, највисок број на освоени поени на екипа што испаднала од елитата во последните 15 години, објавува „Скај Спортс“.
И покрај испаѓањето, раководството на клубот и португалскиот стратег по разговорите решија да продолжат заедно. Санто во септември го презеде тимот од Греам Потер, потпишувајќи тригодишен договор со клаузула за раскин без обештетување во случај на испаѓање, но двете страни сега се договориле да продолжат со проектот.
Клубот постави јасна цел, експресно враќање во елитата, односно враќање во Премиер лигата по само една сезона во Чемпионшип.
Во соопштението се наведува дека Санто има целосна поддршка од управата, која верува дека постојат видливи знаци на напредок во играта и покрај тешката сезона. Се потсетува и на неговиот претходен успех со Вулверхемптон, кога во 2018 година ја освои титулата во Чемпионшип и избори пласман во Премиер лигата со 99 бодови.


