ВЕРУВАЊА: Што треба да имате во паричникот за да имате повеќе пари?

Изберете го соодветниот паричник, чувајте го на одредено место и внимавајте што чувате во него! Прочитајте ги верувањата и откријте како да привлечете пари во вашиот паричник…

Вообичаено машката популација често не сака да носи паричник, па се верува дека токму поради тоа редовно имаат финансиски проблеми (па дури и милионерите кои не ги носат и на нив им се судени непланирани трошоци).

Затоа треба да размислите за носење на паричник. Не морате да го носите секогаш со вас, но да го користите дома. Во него секогаш чувајте само дел од парите кои ги поседувате.

Eве кои верувања важат за паричникот кој носи редовни приходи:

1. Редовно дополнувајте го паричникот и земајте од него.

Паричникот може да го чувате во спалната соба или на работната маса. Важно е да го имате, да е ваш и често да го отворате.

2. Која боја?

За жени: златни, но и црвeно-златни (црвена – оган, злато-метал; Оганот го топи металот и го претвора во течно злато).

За мажите: кафени со златни детали (кафено-земја-стабилност, злато-метал; Земјата го создава металот = постојани приходи).

3. Дали сами го имате купено?

Правило е самите да си купите паричник, затоа што не знаете каква судбина, карма и енергија поврзана со финансиите има личноста која ви го купила паричникот, и друго – дали личноста ви го има подарено празен?

4. Дали паричниците се убаво наредени?

Доколку банкнотите не се убаво наредени, тогаш нередот и блокираноста во новчаникот и во енергијата на вашите финансии, како и во домот.

5. Дали паричникот е полн со хартиите и визит-картички?

Во паричникот никако не треба да носите неплатени, или друи и платени сметки, затоа што така ја привлекувате енергијата на плаќања.

Пожелно е да ги носите одвоено хартиите и визит-картичките.

6. Дали сте горди на вашиот паричник?

Tреба да се гордеете со вашиот паричник, затоа што доколку не ви се допаѓа, нема да можете да го „наполните“.

Кога купувате паричник, изберете го токму тој што го посакувате.

7. Колкава сума на пари носите во него?

Метафизичката тајна вели дека треба секогаш да имате малку повеќе пари во паричникот од вообичаено, затоа што така ја повикувате енергијата на парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот