Версај и денеска е евакуиран поради дојава за бомба, седми пат за една недела

Замокот во Версај денеска повторно е евакуиран по анонимна закана за бомба, соопшти туристичката атракција во близина на Париз, додека безбедносните служби ги пребарувале просториите. Ова е седмо затворање на замокот за осум дена поради безбедносни закани.

Иако полицијата уапси еден осомничен, заканите за бомби продолжија. Стотици училишта во Франција, како и регионални аеродроми беа цел на слични закани во последните денови.

Властите велат дека зад многу од лажните аларми стојат млади луѓе. Инцидентите ескалираа по смртоносниот напад на млад исламист врз наставник во северниот француски град Арас минатата недела. Франција ја подигна безбедносната тревога на највисоко ниво поради заканата од тероризам по убиството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот