Верешчук: Во Украина сега има околу 600 руски затвореници

Заробени руски војници/ Фото: Твитер

Во моментов има околу 600 Руси кои се во затвор во Украина, изјави синоќа украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, која воедно е и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии на Украина.

– Сега ги има околу 600, ако зборуваме за вкупниот број. Знаете, мораме да изградиме посебен камп во согласност со меѓународното право, изјави Верешчук, пренесува „Украинска правда”.

Таа додаде дека прашањето за големиот број затвореници било разговарано на средба со владини претставници.

– Разговаравме како да ја принудиме Русија да дозволи Црвениот крст да стигне до нашите затвореници и како да ја принудиме Русија да ослободи затвореници. Некои од нив се притворени во регионите Доњецк и Луганск од 2014 година, вклучително и жени, соопшти украинската вицепремиерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот