Вербални закани, навреди и пцости меѓу советникот на Чулев и началникот Талев (ВИДЕО)

Освен физичкиот напад, во снимка до која дојде „А1он“ од инцидентот меѓу Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот миниситер Наќе Чулев, и началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев, се слушаат вербални закани, навреди и
пцости.

„Да ти го набутам во гз да може јас. Во газот да ти го набутам“, се слуша на снимката, по што, се слушаат и полициските службеници кои интервенираат како ја споменуваат адресата каде се случил инцидентот: „ул.120, Борис Кидриќ, ќе ни треба …“, а потоа, се слуша продолжение на пцовките: „Мајката во да ти га е**м. Командирската жена да ти га е**м јас. Жената у п**ка да ти ги ебем. Жената да ти ги е**м во пи**а. Вале плавушата што работи во … сите што ја е**ле во Пожарнаи ти ја зеде на крај. Е**на од сите. Ќе ми го јадеш к**ов. Ти еб** матер во п**ка ја твоја. Ку**а, пи**а, жена ти е**м, се ти е**м. Мамицата во пи**а да ти га е**м ја…“

Во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Тетово во 16 часот е пријавен инцидент кој се случил на крстосниците на улиците 120 и Борис Кидрич во кој се инволвирани двајца полициски службеници. За случајот е информиран и Одделот за внатрешна контрола, полициски истраги и професионални стандарди, соопштија од СВР Тетово.

Претходно, портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски за МИА потврди дека е пријавен инцидент што се случил попладнето и оти постапува одделот за внатрешна контрола при МВР, но не соопшти информации за учесниците во инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот