Венс: Жал ми е што Орбан загуби, но ќе соработуваме со новиот премиер
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс по објавувањето на изборните резултати во Унгарија изјави дека не жали што водел кампања за унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, кој ги загубил изборите, додавајќи дека сепак Вашингтон ќе соработува „многу добро“ со новиот лидер на земјата.
Препорачано
Потпретседателот Венс отпатува во Будимпешта пред парламентарните избори кои се одржаа во неделата за да обезбеди поддршка за десничарскиот популистички лидер, кој беше на власт 16 години во земјата.
Сепак, централно-десничарската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар поранешен сојузник на Орбан победи со јасна разлика од политичките ривали, јавуваат медиумите.
Американскиот потпретседател Венс во изјава за американските медиуми истакна дека САД не го поддржувале Орбан затоа што биле убедени дека тој ќе победи, туку затоа што „било правилно да се застане зад некој што стоел зад политиките на Трамп и Америка многу долго време“.
Според Венс, Орбан е еден од ретките европски лидери кои „се спротивставиле на бирократијата во Брисел, која била многу, многу лоша за САД“ и за американските компании.


