Фото: EPA

Венди Вилијамс го прослави роденденот со друштво: „Минатата година никој не дојде да ме посети во овој луксузен затвор“

Поранешната телевизиска водителка Венди Вилијамс го прослави роденденот во Њујорк, опкружена со пријатели и блиски луѓе, што за неа претставувало вистинска радост и олеснување, особено по ланската самотија.

„Минатиот роденден го поминав во Конектикат, опкружена само со трева и дрвја. Никој не дојде да ме посети. Всушност, тоа можеби и беше добро, бидејќи бев во толку лоша состојба што не сакав некој да ме види“, изјави Вилијамс.

Оваа година, роденденскиот ручек го имала во познатиот ресторан на нејзината пријателка и телевизиска личност од Њујорк, Розана Ското. Во вторникот прославила и во уште еден ресторан, заедно со нејзината внука Алекс Фини, момчето на внуката Ерик Хјустон, и блиските пријатели Алвина Олстон, Мел Мекси и Тоби Рубинштајн.


Иако живее во пензионерската заедница во Хадсон Јардс, каде што се наоѓа под старателство, Вилијамс тоа место го нарекува „луксузен затвор“. Таа сè уште се бори да ја врати контролата врз сопствениот живот и финансии, откако претходно се соочила со здравствени проблеми и краткотраен повраток кон алкохолот.

На прашањето што би си посакала за роденден, рече: „Очигледно е – сакам да се ослободам од старателството и да се вратам на работа на најспектакуларен можен начин“.

Иако деновиве ужива во престижни њујоршки ресторани, поголемиот дел од оброците ги јаде во својата соба. За односот со останатите станари, низ шега додаде: „Сакам приватност, ама ова веќе е премногу приватно!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот