Велковски: Бројот на освоени пратеници наметнува која партија го дава претседателот на Собранието
ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која има легитимен број над 61 претставници во Собранието укажува дека позициите што ги имаме како субјект со стабилно мнозинство не доведува во стабилна позиција и кога станува збор изборот за претседател на Парламентот. Сепак ќе повторам, прецизно ќе знаеме по завршувањето на преговорите со коалиционите партнери кои се очекува да се завршат до крајот на оваа седмица. Тогаш ќе се знае кој точно ќе ја заземе позицијата спикер во Собранието – истакна Ѓоко Велковски, техничкиот министер за труд и социјална политика при неговото гостување во емисијата на „Слободен печат“.
Препорачано
– Човек кога ќе сработи нешто природно е да има очекувања дека тој ќе биде поставен на вистинската позиција. Сепак, претседателот на партијата Христијан Мицкоски, ЦК и раководството на партијата ќе одлучат кој на која позиција од кадрите ќе се постават во наредната Влада. Она што е пресудно без разлика кој, каде ќе биде поставен важно е да се работи во интерес на граѓаните и ништо повеќе – вели Велковски, одговарајќи на прашањето дали тој ќе биде идниот министер за труд и социјална политика во владата предводена на ВМРО-ДПМНЕ.


