Велешко школо има двајца директори – едниот го назначил министерот, другиот градоначалникот

Фото: Фејсбук/ОУ „Блаже Конески“

Во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес денеска двајца наставници добиле решенија дека се поставени за директор. Едниот е назначен од градоначалникот Марко Колев, а другиот од министерот за образование Јетон Шаќири, објави „А1он“.

Градоначалникот на Велес Колев изготвил решение за назначување на в.д. директор откако просветниот и општинскиот инспектор утврдиле неправилности во постапката за именување на директор.

Но, во исто време, решение за назначување изготвил и министерот Шаќири, чиј избор на кадар за нов прв човек на училиштето е различен од оној на градоначалникот.

Локалната власт, односно градоначалникот, е надлежен за поставување директори во училиштата, но овие ингеренции во одредени околности може да ѝ бидат одземени на локалната самоуправа, на што министерот за образование има дискрециско право. Пред во велешкото училиште да биде испратено решението потпишано од министерот Шаќири, од МОН немаше информација дека на Општина Велес ѝ се одземаат надлежностите во образованието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот