Велешани може да ги користат новите подземни контејнери

Фото: mia.mk

Подземните контејнери што Општина Велес ги постави низ градот, оваа недела се ставени во функција за граѓаните. Покрај веќе поставените два подземни контејнера во близина на театарот и два меѓу Централниот регистар и Основниот суд во Велес, неделава беа поставени поставени и на улица „Илинденска” до Трговскиот центар ВЕ-МОЛ, на улица „Методија Андонов Ченто” и пред пешачкото мостче на Битолска пруга, на улица „8 Септември”.

Како што информираат од Општина Велес, граѓаните ќе можат да го употребуваат подземниот контејнер на тој начин што ќе ја притиснат ножната педала која ќе го крене поклопецот на контејнерот и без да имаат контакт со делови од него, ќе го складираат комуналниот отпад во подземна вреќа, изработена од водоотпорен полиестер со волумен од три метри кубни.

– Контејнерите од страна на ЈКП „Дервен” ќе се празнат секој ден во утринските часови. Комуналното претпријатие набави нова хидраулична дигалка поради специфичниот начин на празнење на контејнерот со негово подигнување на потребната висина и празнење на вреќата, информираат од Општина Велес.

Општина Велес апелира до граѓаните да не паркираат возила пред локациите каде се поставени контејнерите. Контејнерите се исклучиво наменети за комунален отпад и во нив не треба да завршува картонската и ПЕТ амбалажа, градежен шут, жар и пепел од домашни ложишта. За отпадот кој може да се селектира, општината на јавните површини има поставено соодветни садови за овој вид отпад.

Инфомираат дека стандардните метални контејнери кои беа поставени  на овие локации на подземните контајнери се веќе отстранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот