Вејн Руни за првпат откри – не слуша на едно уво
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, откри дека е глув на левото уво, што му создава проблеми во работата како стручен фудбалски коментатор.
Препорачано
Легендата на гигантот од „Олд Трафорд“ за првпат јавно проговори за здравствениот проблем за време на емисијата „Match of the Day“, објаснувајќи со какви потешкотии се соочува пред камерите.
Руни досега никогаш немал зборувано за состојбата, а не е познато ниту кога, ниту на кој начин го изгубил слухот на левото уво. Сè излезе на виделина за време на снимање за „Би-би-си“, кога тој побара од техничката екипа слушалката да му ја стават во десното уво.
„Може ли да ми ја ставите слушалката во ова уво?“, праша Руни, покажувајќи кон десното, по што додаде:
„Порано го исклучував повратниот канал, но проблемот е што сум глув на левото уво. Кога е премногу гласно, многу тешко ги слушам Кели Кејтс (водителката) или кој било друг што зборува од другата страна“.
Засега останува нејасно како и кога поранешниот капитен на Англија го изгубил слухот на левото уво, но неговото признание предизвика големо внимание во јавноста и меѓу навивачите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
20мин
-
44мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


