Фото: Александар Божовиќ / Google Maps

Вечерва пак е блокиран граничниот премин „Евзони-Богородица“, еве кога ќе се отвори

Грчките земјоделци и вечерва го блокираат граничниот премин „Евзони-Богородица“, а тој, според најавите, ќе биде затворен од 19 до 23 часот по македонско време.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, за вечерва планирана е блокада и на граничниот премин Ники (Меџитлија), но од 20 часот до полноќ, а таа, како и во изминатите денови, ќе се однесува само на камионите.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, со неколкучасовно блокирање на граничните премини, но и на железнички станици, автопатишта, пристаништа, аеродроми и други јавни објекти во Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот