Вечер на танцови филмови на „Танц фест Скопје 2022“

„Танц фест Скопје 2022“

Во Џепното кино во МКЦ, вечерва (17 мај), со почеток во 21 часот, фестивалот „Танц фест Скопје“ ќе претстави тројца млади автори во серијата „Современи кореографски идентитети“.

За почеток, премиерно ќе биде прикажан филмот „2 0 2 0 (Во потрага по оптимизам и други чудовишта)“ во режија на Дора Кокољ, кореографија на Дора Кокољ и Миа Штарк. Директор на фотографија е Марко Далич, монтажата на Дора Кокољ, колор и корекција на Марко Далич, на музика на Лука Томан. Настапуваат Дора Кокољ и Миа Штарк, а илустрацијата е на Орла Бирд.

Ќе следува „Витро“ на Филип Петковски, филм кој е инспириран од македонски ритуали и легенди кои ја опфаќаат природата. „Витро“ ги истражува живоста и трансформацијата како суштински аспекти кај движењето на човечкото тело и движење во природата.

Режијата и кореографијата се на Филип Петковски, а настапуваат Адријана Данчевска, Мими Поп Алексова, Дејан Битровски, Матеја Јанковска и Филип Петковски. Камера и фотографијата се на Марко Марјановиќ, Теодор Ангеловски и Жарко Чулиќ, а монтажата на Кирил Манчевски. Користена е музика на Борис Харфман, Хрвоје Црниќ, Ерик Сати и П.И. Чајковски.

Третиот филм што публиката ќе може да го проследи е „Home/the movie“ (последен пресек, консензусна реалност), во режија и кореографија на Адријана Данчевска, а визуелен уметник е Ивана Мојсовска. Камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Клод Дебиси, „Fierce“, Моцарт, Виктор Филиповски, Бојан Филиповски.

Постпродукцијата е на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски, Александра Велкова.

„Танц фест Скопје 2022“ е поддржан од Министерство за култура, Град Скопје, Американската амбасада во Скопје, Францускиот институт од Париз и Скопје, Дом на Арм – Скопје, „Perform Europe“, „East is Best“, „Културанова“.

Видео на денот