„Василеви продукција“ го заврши снимањето на краткиот филм „За Ева“
Заврши снимањето на краткиот игран филм „За Ева“ по сценарио на Бојан Василев и Андреј Насков. Режисер на филмот е Бојан Василев.
Препорачано
Снимањето се одвиваше на локации во Скопје и околината. Продуценти на „За Ева“ се Андреј Насков и Бојан Василев преку „Василеви продукција“.
Улогите ги толкуваат Миа Жиро, Изабела Новотни, Талиа Харалампиев, како и Игор Стојчевски и Стефан Ристевски. Филмот го снимаше Сашо Василев, шминката е на Александар Билјановски-Дадар. Остатокот од екипата го сочинуваа Калин Крајчевски, Петар Пројкоски, Стефанија Василева и Матеа Мисајловска.
Во текот на развојот и продукцијата филмот беше поддржан од мрежата „Edu cuts“ преку проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија и поддржан од Британскиот совет со цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.


