Василева: Итна потреба за системска мобилизација на ресурси во борба родово базираното насилство

Наместо традиционалниот слем на Прво па женско, годинава се организира онлајн ПичПрич на тема „Бркам работа“. Во живо приказни ќе раскажуваат пет фриленсерки што баш добро си бркаат работа.

Настанот ќе се одржи на 15 мај во 20 часот. Ќе биде стримуван во живо на ФБ, на страницата на ПичПрич, а ќе биде обезбедено и видео на YouTube, изјави Ана Василева.

-Од самата појава на кризата знаевме дека најпогодени ќе бидат фриленсерите и токму тие (5 девојки) вечерва ќе имаат обраќања. Нормализацијата на женските искуства и претставувањето на жените како забавни и компетентни говорнички од различни полиња и теми е многу важно. Морам да споменам дека пандемијата го „сврте вниманието“ и кон фемицидот, изјави Ана Василева од Пич Прич за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Семејното насилство периодов особено дојде до израз поради карантинот, затоа е неопходно да укаже на итна потреба од системска промена за заштита на жртвите.

-Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост.

За неполни две недели во нашата држава бележиме 2 фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици, изјави Василева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот