Русија и Иран EPA-EFE/EVGENIA NOVOZHENINA / POOL

„Вашингтон пост“: Москва му помага на Техеран со информации за американски бази

Русија му помага на Иран со тоа што му дава информации за локациите на американските воени објекти на Блискиот Исток, објавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со деталите.

Помошта, за која претходно не беше објавена, „сугерира дека еден од главните нуклеарни противници на Америка, кој поседува исклучителни разузнавачки способности, сега е вклучен во брзорастечкиот конфликт“, пишува медиумот.

„Од почетокот на војната во саботата, Русија му обезбедува на Иран информации за локациите на американските воени објекти, вклучувајќи воени бродови и авиони. Се чини дека станува збор за прилично голема операција“, рекоа тројцата претставници.

Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар од „Вашингтон пост“.

Москва, потсетува весникот, повика на крај на војната, која ја опиша како „неиспровоциран чин на вооружена агресија“. Степенот на руска насочувачка помош кон Иран останува нејасен.

Според претставниците, „способноста на иранската војска да ги детектира американските сили се намали помалку од една недела по почетокот на непријателствата“.

Во неделата, во напад со ирански беспилотни летала во Кувајт беа убиени шест американски војници, а неколку други беа ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот