Вашето омилено место за пиење открива многу за вас: Дали сте депресивни, екстроверти или зрачите со самодоверба?

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Според народното верување, тоа што и каде консумирате може да открие нешто за вашата личност.

За љубителите на виски често се смета дека се самоуверени, додека оние кои избираат пиво знаат како да се опуштат. Но, дали вашиот избор на пијалок навистина може да каже нешто подлабоко за вас?

Една неодамнешна студија предводена од психологот Питер К. Џонсон сугерира дека можеме да извлечеме заклучоци за личноста не само ако гледаме што пијат луѓето, туку и каде претпочитаат да пијат.

Фото: Пекселс/ isabella-mendes

Оние кои пијат виски често се самоуверени, додека оние кои пијат вино се пристапни, дружељубиви и имаат тенденција да пијат надвор. Љубителите на пиво, од друга страна, често уживаат во едноставни задоволства и непријатните ситуации ги гледаат како минливи, се вели во студијата.

Научници од Австралија открија поврзаност помеѓу омилениот пијалок и карактерот на една личност. Истражувањето предводено од Питер К. Џонсон опфатило 1.232 испитаници, подеднакво распоредени по пол.

Испитаниците одговориле за нивниот омилен пијалок, но и за местото каде што најмногу сакаат да консумираат алкохол. Оние кои го претпочитаат домот се, според истражувањата, повеќе склони кон тага и песимизам во споредба со оние кои излегуваат на јавни места.

Фото: Пекселс/ terje-sollie

Научниците тврдат дека оние кои уживаат во алкохолот дома се повеќе склони кон депресија, што укажува на тоа дека консумирањето алкохол таму им помага да се справат со негативните емоции.

Од друга страна, учесниците кои избираат здравици надвор од дома се поотворени за забава и дружење со пријателите. Иако за некои од нив пиењето алкохол дома е незамисливо, Џонсон и неговиот тим заклучуваат дека проценувањето на нечија личност врз основа на омилениот пијалок не е доволно за вистински да се разбере некого.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот